Monday, February 27, 2017

Невидлива Опасност ве демне насекаде...

Штетните Електромагнетни зрачења убиваат се пред себе...( Дел Втори )

Модерната наука развила методи и техники, со кои на индиректен начин и електросмогот и геобиолошките полиња може да се детектираат, а индиректноста на делувањето може да се утврди преку промената и влошувањето на 4 суштински параметри во човечкото здравје. 
- SC/GSR – вредност на пропустливност на кожата ( мерено во µSiemens )
-  температура на кожата ( мерено во целзиусови степени)
-  срцеви отчукувања  ( по минута )
-  Амплитуда на волумен на пулс ( ја претставува разликата меѓу - максималното и минималното количество на крв во рамките на еден ритам на срцето) 

Што се однесува до штетните зрачења, нивната дефиниција е многу едноставна. Тоа се бранови кои се неповолни за човечкиот организам и предизвикуваат вистинска деструкција на човечката клетка.
За деструктивното делување на електромагнетниот смог пишува и Др.Нил Чери ( Dr.Neil Cherry ) во Студијата изложена во мај 2000-тата година пред Парламентот на Нов Зеланд и во јуни истата година во Италија, Австрија, Ирска и Европскиот Парламент

Wednesday, February 22, 2017

Штетните Електромагненти Зрачења убиваат се пред себе...

Штетните Електромагнетни Зрачења убиваат се пред себе...( Дел Први )


Што се штетни зрачења ? Како делуваат на човечкиот организам ? Дали е можно да се заштитиме од нив ? Како можеме да ги измериме ?

Сознанија за постоењето на штетните зрачења се стари колку што е и старо човештвото. Уште од најстарите времиња луѓето пронашле начин да ги откријат, како и да ги неутрализираат истите. Науката за детектирањето на штетните зрачења, како и различните енергии во еден простор се нарекува радиестезија. Еден од првите инструменти, кој е најден во саркофагот на фараонот во една од египетските пирамиди е Изис високот, широко применуван во денешно време како многу прецизна радиестезиска алатка.
Радиестезиските алатки ( високот, Л-Антените, рашлите,...и др. ) се алатки со кои на директен начин, електромагнетните зрачења, како и геобиолошките полиња, може да се детектираат. 
Во најново време електросмогот т.е електромагнетното поле може да се измери со уреди за мерење на електромагнетно поле, со што повторно не може да се утврди нивната штетност по човечкиот организам.
Што се однесува до геобиолошките полиња истите не може да се детектираат директно со ниеден инструмент освен радиестезиски, а бидејќи нивната осцилација во моментот кога човекот станува неотпорен на нивно делување, при континуиран стрес, се задржува во организмот, тие можат да се измерат индиректно преку мерење на фреквенцијата на настанување на резонанца. Причината за неможноста за регистрирање на геобиолошките полиња на директен начин е поради тоа што при допир со геобиолошкото поле не настанува придвижување на електрони, што е случај со електросмогот.

Продолжува...